Cabernet КОШТАН
И Горносоњаните и „дојденците“, сите го знаат местото КОШТАН. Меѓутоа овде станува збор за КОШТАН Каберне Совињон. Како најдобро да се опише нашиот КОШТАН? Горносоњани би рекле „добро е“, „јако е“, „машко вино“. Не знам колку ќе погрешам ако кажам: Каберне КОШТАН е каберне, но како „наше да е“; каберне, а „вранец“ – моќен, силен, офанзивен при првата голтка, а понатаму сугерира суета, предизвикува пријателство и блискост.
590,- денари







