Cuvée ПАДИНА
Според местото, викано ПАДИНА, јужно од селото. Кажуваат го бидува местото за лозја. Куве од вранец и каберне Совињон, сериозно вино, силен карактер. Не знам дали ќе се препознаат вкусови и ароми на кокос, малини, јаткасти или јагодести овошја или хармонија на суптилни, рафинирани, дискретни или агресивни ароми. Она што сигурно ќе се препознае е вино направено со мерак и со внимание, созреано вино, кое ќе Ви пренесе чувство на мир и спокојство, но и на сила и самоувереност.
590,- денари







