За визбата

Горно Соње

Винаријата Јовески е мала Garage винарска визба, сместена во срцето на селото Горно Соње. Тука, во ова село на јужната страна на скопската планина Водно, семејството Јовески, порано Поп Крстеви, влече корени веќе со генерации. Во сеќавањата на најстарите жители, семејството Поп Крстеви отсекогаш освен што се занимавало со сточарството, произведувало и вино. Падина, Кушица, Слатина ….надалеку чуен вински атар околу Горно Соње. Јовески само ја продолжуваат традицијата, па се раѓа идејата и желбата, долгогодишната традиција, виното служено на домашни слави, свадби и седенки, да се понуди и пошироко на македонските трпези. 
Виното на Поп Крстеви, пренесува еден мал фрагмент од историјата, испреплетени со него и приказните на Поп Крстеви и Јовески како сточари, учители, попови и столари.

2022

формално основана

Јовески Garage винарска визба е формално основана во 2022 год., заснована на сето погоре кажано, плус многу прочитани книги, многу посетени семинари и обуки за модерно производство на вино, многу експериментирање и соработка со најдобрите македонски енолози.

a
80 години

семејна традиција на правење вино

Приближно 80 години семејна традиција на правење вино, од кои 30 тина години самостојно учење, експериментирање...

a
30 години

традиционално и современо

30 години експериментирање на традиционални начини и комбинација со модерни методи во производството на вино.

Соработка

Соработка со бројни врвни енолози за конечно да се произведе вино со потпис на еден од најдобрите енолози во земјава, Венера Гелебешева. На крајот, Joveski Garage Winery, денес е опремена со современе технологија за производство на вино и на традиционален и на модерен начин.

a
a