Riesling BRANDENBURG
Од каде сега БРАНДЕНБУРГ во Горно Соње, меѓу месности викани АЗМАК, КОШТАН или ПАДИНА. На прв поглед нема врска, но има… Ризлинг е германска сорта на грозје, овде созреано, на нашево поднебје. А зошто БРАНДЕНБУРГ? Еее, Горно Соње има снаа, Германка, родена и израсната во Германија, во „Brandenburg“, сега жителка на Горно Соње. Поради неа во нашата винарија го има ризлинг БРАНДЕНБУРГ. Посебно сме горди на ова вино. Грст грозје, овошје во чаша (или во шише), свежо, но и питомо или „најдоброто бело вино кое сум го пиел во Македонија“, зборови на еден германски дипломат во Скопје.
690,- денари







